Еден од поинтересните натпревари синоќа во НБА лигата се одигра во Далас, каде пто Денвер победи со 112-101 и тоа благодарение на одлично одиграната последна четвртина која Никола Јокиќ и другарите ја добија со 33-12.
Кај Маверикс ги немаше ѕвездите Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои се повредени, а Клеј Томпсон постигна 25 поени со кои ја надмина бројката од 16.000 поени во НБА.
„Фино е да се постигнат 16.000, но ве тера да размислите колку е лудо што Леброн стигна до 40 илјади поени“, рече Томпсон.
Најдраматично беше во Солт Лејк сити, каде домашната Јута по продолжение го победи Бруклин со 112-111, победничкиот кош беше дело на Ајзеја Колиер на две секунди до крајот. Колиер средбата ја заврши со 23 поени што е негов личен рекорд.