Еден момент од Ел Класико ги промени трансферните планови на Барселона за оваа зима

По синоќешната убедлива победа (5-2) на Барселона против Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија, пристигна и непријатна вест за каталонскиот клуб.

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека дефанзивецот Ињиго Мартинез, кој се повреди токму на вчерашниот дуел, ќе отсуствува од терените во следните пет недели.

Според изворот, ова може да ги промени трансферните планови на Барса за зимскиот преоден рок, со што Ханси Флик ќе биде принуден да го задржи Роналд Араухо во своите редови.

Во последните недели се говореше дека Уругваецот би можел да ја напушти Барселона и да се пресели во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести