Луис Енрике: Пазар? За мене тоа е кога ќе купуваш овошје, риба, зеленчук…

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, очигледно не ги сака прашањата на новинарите за активностите на клубот на трансферниот пазар во зимскиот период. По победата над Сент Етјен со 2-1, тој го избегна прашањето за ситуацијата со напаѓачот Рандал Коло Муани, кој повторно не беше во составот на францускиот шампион.

„Не знам. Пазар? За мене пазарот е за овошје, риба, зеленчук. Немам што да кажам“, одговори тој иронично на прашањето дали Французинот ќе биде продаден.

Меѓутоа, Луис Енрике не одби да разговара за проблемите на Бредли Баркола пред противничката мрежа, со оглед дека не постигнал гол веќе два месеци.

„Тоа не е технички проблем, туку недостиг на самодоверба. Како да ја зголеми самодовербата? Токму тоа се обидувам да им го пренесам на моите фудбалери. Баркола е извонреден играч. Тој е ист како на почетокот на сезоната и тоа што не постигнува голови, не го прави лош фудбалер. Што е важно? Важно е што дава за тимот“, потенцираше шпанскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести