Пеп Гвардиола ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека капитенот на Манчестер сити, Кајл Вокер, побарал трансфер и ќе ги напушти „граѓаните“. Веднаш се јавија неколку клуба кои го посакуваат во своите редови 34-годишниот дефанзивец, а први во редот застанаа екипите од Саудиска Арабија.
Сепак, Вокер нема намера да ја напушти Европа, а според британските медиуми, фудбалерот веќе се договорил со членот на Серија А, Милан, а трансферот ќе се реализира уште зимава.
Вредноста на Вокер во моментов е 10 милиони евра, а беше купен од Тотенхем во 2017 година за 52.7 милиони евра.