Јувентус се согласи да плати 15 милиони евра за фудбалер од Португалија – Спорт Манија

Јувентус се согласи да плати 15 милиони евра за фудбалер од Португалија

Италијанскиот гигант Јувентус се договори за потписот на Алберто Коста од Виторија Гимараеш. Оваа вест ја носи експертот за трансфери во светскиот фудбал, Фабрицио Романо.

Јувентус ќе плати 15 милиони евра со сите вклучени трошоци. Коста се согласил да потпише долгорочен договор со Старата дама и во текот на оваа недела ќе отпатува во Торино за да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор.

Младиот 21-годишен фудбалер игра како дефанзивец и треба да ја засили одбраната на Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести