Прво коло во 2025 година и веднаш дерби дуели во Серија А

Зимската пауза заврши. Возбудувањата на Спортска прогноза се враќаат на репертоарот во викендот кој следи. Вкупно 13 интересни дуели од Топ 5 лигите во Европа се на понудата, а предизвикот за сите е ист.

Потребно е да се дојде до Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на понудените 13 натпревари. Од сите мечеви кои се понудени, најзвучни се два дуели од италијанската Серија А. Во пресметка на најтрофејните италијански клубови, Јувентус в сабота е домаќин на Милан. Старата дама е единствениот тим без пораз во досегашниот дел од сезоната, но гигантот од Торино е експерт за нерешени и има дури 12 реми во 19 дуели.

Веднаш по дуелот во Торино, ќе играт и Аталанта и Наполи, два тима кои заедно со Интер се најсериозни кандидати за титулата во Серија А.

За сите прогнозери главен предизвик е да ги погоди сите 13 парови, а доколку успее во тоа, ќе има шанса д си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени фиксови следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека за погодена 11-ка се добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести