Оклахома и Денвер фаворити на гостински терен, преку 50 кошаркри во „плус-минус“ понудата за поени

Седум меча се играат ноќеска во НБА лигата, а најголема сигурица треба да биде победа на најдобриот тим на Западот, Оклахома која гостува кај Филаделфија, која е една од послабите екипи на Источната конференција.

Како фаворити на гостински терен се и Кливленд на теренот кај Индијана, односно Денвер кој ќе гостува кај Далас. Далас ќе биде без двете најголеми ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои се повредени.

Според коефициентите, пред своите навивачи Портланд е најголем фаворит. Портланд е домаќин на Бруклин кој е во очајна форма и има осум порази во последните девет меча.

Во понудата за овие седум натпревари има и преку 50 кошаркари во понудата „плус-минус“ поени. Никола Јокиќ е на „граница“ од 28,5 поени, Девин Букер е на „граница“ од 26,5 поени, а Зек Лавил треба да постигне барем 29 поени за да биде во плус.

- Оглас -

Најнови вести