Дел од играчите на Реал Мадрид почнале бунт против Анчелоти!?

Реал Мадрид загуби со 5:2 од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија. Кралскиот клуб втор пат за само три месеци губи убедливо од најголемиот ривал Барселона, откако претходно загуби и со 0:4 во првенството на „Сантијаго Бернабеу“.

И покрај овие лоши резултати во „Ел Класико“, тренерот Карло Анчелоти доби доверба од челниците на клубот и тој сигурно останува на клупата. Сепак, „Релево“ пишува дека во соблекувалната на Реал Мадрид започнал револт против Анчелоти. Дел од играчите се жалат дека тренерот кон нив жестоко реагирал, додека кон останатите фудбалери е многу благ.

Се пишува дека меѓу незадоволните играчи се младите Арда Ѓулер и Ендрик. Турчинот и Бразилецот играат многу малку под водство на Анчелоти, иако беа доведени како големи таленти.

Шпекулациите се дека ако Реал реши да се збогува со Анчелоти, прв на листата како наследник на Италијанецот би бил Чаби Алонсо кој сега е на клупата на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести