Пренос од ракометот ќе има на националната МРТВ

Македонската ради телевизија ги обезбеди правата за телевизиски преноси од Светското првенство во ракомет за мажи, па средбата помеѓу Македонија и Унгарија која се игра вечерва во Вараждин од 20.30 часот ќе може да се гледа и на националниот сервис.

Покрај натпреварите на Македонија против Унгарија, Холандија и Гвинеја, МТВ ќе пренесува уште 13 натпревари од првата фаза на Мундијалот, а, секако, ќе има преноси и од втората фаза и нокаут-рундата.

Денеска ќе има пренос и од дуелот Холандија – Гвинеја, кој е од групата во која е Македонија.

- Оглас -

Најнови вести