Фудбалерите на Холштајн Кил дојдоа до голема победа во битката за опстанок во Бундес лигата, откако на домашен терен ја совладаа Борусија Дортмунд со 4-2. Победата ја најавија уште во првото полувреме, после кое имаа водство од 3-0, но „милионерите“ со два брзи гола намалија на 3-2.
Нападите кон голот на Холштајн беа жестоки, а Борусија тргна на се или ништо откако домашните останаа со играч помалку. Сепак, на крајот Холштајн успеа да постигне уште еден гол и да победи со 4-2.
Со овие три бода Холштајн Кил дојде до 11, односно само два помалку од плеј-офот за опстанок, додека Борусија Дортмунд останува далеку од врвот, на деветтата позиција на табелата.