Светското ракометно првенство во Хрватска, Данска и Норвешка започна со четири натпревари, на кои фаворитите ја оправдаа улогата и забележаа победи. Почетокот на шампионатот ќе го памети репрезентацијата на Италија, која го победи Тунис со 32:25, што за нив е прва победа на Светските првенства после 1997 година.
Италијанците само вторпат се на ракометен Мундијал, после она во 1997 година, кога настапот го завршија во групната фаза со победа над Аргентина и реми против Норвешка. Во групата на Италија и Тунис, игра и бранителот на трофејот, Данска, кој немаше милост за Алжир и победи со повеќе од убедливи 47:22.
Во групата „Ц“, која во вториот круг вкрстува со онаа во која е и Македонија, фаворитите без поголеми проблеми забележаа победи. Франција го декласира Катар со 37:19, додека Австрија дури во вториот дел го скрши отпорот на Кувајт и победи со 37:26.