Манчестер сити и Челзи иако беа големи фаворити за победите против Брентфорд, односно Борнмут, сепак, на крајот ќе мора да се задоволат само со по бод.
За победата посебно ќе жалат фудбалерите на Манчестер сити, кои се до 82-рата минута имаа водство од 0-2 на гостински терен кај Брентфорд со двата гола на Фоден. Сепак, домашните преку Виса во 82-рата и Норгард во 92-рата минута успеаја да се спасат од пораз и да ја прекинат победничката серија на Манчестер сити.
Со ист резултат, 2-2, заврши и мечот помеѓу Челзи и Борнмут, но тука фаворитот може да биде задоволен со бодот, бидејќи се спаси од пораз во 95-тата минута. Мечот започна одлично за „сините“, откако Кол Палмер погоди уште во 13-тата минута. Сепак, гостите направија комплетен пресврт преку Клајверт од пенал во 50-тата и Семенјо во 68-мата минута.
Бодот за Челзи го спаси Џејмс со гол во 95-тата минута.