Аталанта и Јувентус одиграа нерешено, 1-1, на мечот од Серија А во Бергамо, што и за двете екипи е трето реми по ред. Двете екипи доживеаја порази во полуфиналето од Супер купот на Италија, па серијата без победа сега им е по четири меча во низа.
Пјер Калулу во 54-тата минута ја донесе „старата дама“ во предност од 0-1, но Матео Ратегуи со голот во 78-мата минута израмни на 1-1 и не дозволи неговата екипа да биде поразена.
После меѓусебното реми, Аталанта останува на третата позиција со 43 бода, односно четири помалку од лидерот Наполи, додека Јувентус е на петтото место со 34 поени.