Второ реми по ред за Ливерпул, заврши победничката серија на Нотингем (Видео)

Двете водечки екипи во англиската Премиер лига, Нотингем форест и Ливерпул одиграа нерешено 1:1, па разликата помеѓу нив останува шест бода. Сепак, „шумарите“ имаат натпревар повеќе од Арсенал, па може да бидат минати од „топчиите“.

Со ова заврши серијата од седум победи по ред за Нотингем, од кои дури шест беа по ред во Премиер лигата, додека Ливерпул и втор првенствен меч по ред одигра нерешено, после домашното реми против Манчестер јунајтед.

Крис Вуд во осмата минута ги донесе домашните во водство од 1:0, додека Диого Жота само 20-тина секунди откако влезе во игра успеа да израмни на 1:1 во 66-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести