Актуелниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, ја забележа и десеттата победа по ред во сите натпреварувања, откако во првенствен меч на домашен терен го совлада Мајнц со 1:0.
Единствениот гол на мечот беше дело на Алехандро Грималдо во 48-мата минута директно од слободен удар.
„Фармацевтите“ со оваа победа се доближија на само бод од Баерн Минхен, кој својот натпревар од 19-тото бундеслигашко коло ќе го одигра утре.