Валенсија и Столе Димитриевски веќе се во четвртфиналето од шпанскиот Куп, откако без поголеми пробеми го победија третолигашот Оренсе на гостински терен со 0-2.
За македонскиот репрезентативен голман ова е трет натпревар од шпанскиот Куп оваа сезона на кој успева да ја сочува својата мрежа празна и да не прими гол. Третолигашот упати четири удари кон голот на Димитриевски, а нашиот голман успеа сите да ги одбрани.
„Лилјаците“ се првата екипа кој успеа да дојде до четвртфиналето на кралскиот Куп, но во следната фаза со сигурност ќе има далеку посериозен ривал.