Реал Мадрид и Макаби Тел-Авив одиграа меч за паметење во кошаркарската Евролига. Во Мадрид беа постигнати вкупно 229 поени, а победата им припадна на домашните со 116:113.
Натурализираниот македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс, со 17 поени беше предводеник на Париз во победата над Анадолу Ефес од 88:84, што значи враќање на победничките патеки после пет евролигашки порази по ред.
Олимпија Милано без Ненад Димитријевиќ во составот дојде до убедлива победа од 100:68 против Алба Берлин на домашен тере, а слична победа, но на гости, забележа и Партизан, кој славеше со 62:93 против Лион.
Единствениот меч на кој немаше победник после регуларните 40 минути беше оној помеѓу Басконија и Олимпијакос. Откако дуелот заврши 89:89, после продолженијата се радуваа гостите од Пиреја со минимални 101:102.