Њуксл, Барселона и Интер се фаворити на домашен терен

1007 Њукасл – Вулверхемптон (20:30 ч.)

Њукасл е во феноменална форма и има дури осум победи во низа во првенството и во двата англиски купа. Од друга страна, Вулверхемтон само со 16 бода е во опасност сезонава да се бори за опстанок.

Во последниве две години овие два тима играа шестпати, а Њукасл се радуваше на четири средби, а два меча завршија нерешено. Речиси како по правило, на овие средби има барем два гола.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.16)

 

1006 Евертон – Астон вила (20:30 ч.)

Евертон е тимот на чии мечеви сезонава има најмалку голови. Фокусот на оваа екипа е да се брани, па затоа ја има една од најдобрите дефанзивни линии, но го има и вториот најслаб напад во Премиер лигата.

Карамелите немаат победа на последните пет меча во првенството, а на 12 од последните 14 средби имаат не повеќе од два гола на меч. Астон вила е тим против кого може да освојат барем еден бод.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.50)

 

1806 Штутгарт – Лајпциг (20:30 ч.)

Дерби во Бундеслигата во кое домаќините ќе бркаат три бода за да им се приклучат на екипите кои бркаат место во Топ 4 на табелата. Лајпциг на пет од последните девет меча има пет или повеќе голови, што значи дека може да се очекуваат многу голови.

И последните два меча на овие два тима завршуваа со резултат 5:2 (победа на Штутгарт) и 5:1 (победа на Лајпциг).

Предлог тип: ГГ4+ (2.30)

 

3003 Интер – Болоња (20:45 ч.)

Нема дилема дека на Интер му е потребна победа и три бода за да остане во чекор со лидерот Наполи. Болоња е ривал кој често знае да биде незгоден и не случајно сезонава игра во Лигата на шампионите.

Нераѕурите имаат шест победи по ред во Серија А, а на последните четири дуели воопшто немаат примено гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

1325 Барселона – Бетис (21 ч.)

Дуел во осминафиналето од Купот на Шпанија кој доаѓа во најдобро време за Барселона. Каталонскиот гигант го освои Суперкупот на Шпанија со блескава игра во финалето и победа од 5:2 над Реал Мадрид. Бетис игра променливо, а кога се работи за дуелите со Барселона, има само едно реми и дури четири порази во последните пет меча. На последните четири меѓусебни дуели имало дури четири погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести