Кошаркарите на Денвер славеа на гостувањето кај Далас, и тоа со 118:99 во меч на кој Нокола Јокиќ повторно беше во свој елемент и постигна нов трипл-дабл. Освен Јокиќ, кај Денвер одличен беше и Џамал Мареј, кој беше шутерски расположен и на крајот заврши со 45 поени.
Мареј посебно беше расположен во првото полувреме, кога постигна дури 32 поена со одличен шут од поле, погодувајќи 12 од 15 шута од игра и четири од шест за три поени. Денвер уште на полувремето водеше со убедливи 71:45 и гостите ги решија сите дилеми околу победникот.
Јокиќ на овој меч играше само 29 минути, но и тоа му беше доволно за да направи нов трипл-дабл со 10 поени, 14 скока и 10 асистенции.
This pass from Nikola Jokic to Jamal Murray makes no sensepic.twitter.com/ZZ2olOrz71
— Hot Hand Theory (@HotHandTheory) January 15, 2025
Јокиќ на овој меч испиша уште една историска страница во НБА-лигата. Тој стана кошаркарот кој во најмалку одиграни натпревари успеал да стигне до скор од 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции. За ваков биланс на Србинот му беа потребни 709 меча, надминувајќи го досегашниот рекорд на легендарниот Лери Бирд, кој ваков учинок имаше по 799 одиграни средби.
Гостинските екипи доминираа во мечевите одиграни ноќеска и победија на вкупно пет од седум пресметки. Еве ги резултатите: Индијана Кливленд 117:127, Филаделфија – Оклахома 102:118, Атланта – Феникс 122:117, Чикаго – Њу Орлеанс 113:119, Милвоки – Сакраменто 130:115, Далас – Денвер 99:118, Портланд – Бруклин 114:132.
With his 8th assist tonight, Nikola Jokić just became the fastest player to reach 15K+ PTS, 7,500+ REB, and 5K+ AST, doing so in just 709 games.
The fastest previously? Larry Bird at 799 games. pic.twitter.com/zjqjZRBtcN
— NBA (@NBA) January 15, 2025