Играат Интер, Арсенал, Барселона, Штутгарт и Бриж, а вкупната квота е речиси 80

Пет атрактивни дуели има во денешните комбинации на Квотите на денот, а ако ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет што ќе го добиете е 79.31.

Штутгарт е домаќин на Лајпциг и тука треба да се очекуваат погодоци. За опцијата да има од еден до два гола во првото полувреме, а на крајот да биде 3+ се дава квота од 2.35.

Бриж е домаќин на Генк и тука домаќинот да постигне барем два гола во меч на којшто и гостинската екипа ќе погоди најмалку еднаш е со квота од 2.50.

Интер на свој терен во Милано е фаворит за победа над Болоња, па затоа опцијата е Нераѕурите да постигнуваат од еден до три погодоци во двете полувремиња. Ако тоа се случи, добитен ќе биде коефициентот со 2.50.

Лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем секогаш привлекувално посебно внимание и отворена игра од двете страни, Понудата е да биде гол-гол со тоа што барем еден погодок треба да биде постигнат во првото полувреме. Оваа комбинација е со квота од точно два.

Барселона на свој терен игра против Бетис во меч од Купот на Шпанија. Каталонскиот гигант е во налет, па затоа се очекува уште во првото полувреме да води, а потоа и да слави на крајот. Треба да има и најмалку два гола во второто полувреме, а овие споени комбинации се вреднуваат со квота од 2.70.

- Оглас -

Најнови вести