Се чини дека Барселона непланирано ќе добие големо засилување за продолжението од сезоната откако пропадна трансферот на Роналд Араухо во Јувентус. Клубовите беа далеку од договор со оглед на тоа дека Барселона очекуваше за неговиот трансфер да добие 70 милиони евра, а Јувентус нудеше „само“ 50 милиони евра, но ако се очекуваше дека раководствата ќе најдат заеднички јазик, шпанските медуми пренесуваат дека фудбалерот не се договорил со Старата дама за личните услови.
По фантастичниот настап против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, кога Араухо влезе во игра во 28-мата минута на местото од повредениот Ињиго Мартинес, спортскиот дел од раководството на Каталонците сакаше да го задржи дефанзивецот.
Спортскиот директор, Деко, кога ја добил информацијата дека Араухо не се договорил со Јувентус, веднаш го контактирал и договорил тој да остане во редовите на Каталонците.