Министерот за спорт на Саудиска Арабија, Турки Алалшик, на социјалните мрежи објави монтажа од Мохамед Салах во дресот на Ал-Хилал и ги возбуди навивачите на Блискиот Исток.
Дали со оваа фотографија се најавува трансферот на Салах во најпопуларниот арапски клуб, останува да видиме, но репрезентативецот на Египет во моментов нема потпишано нов договор со Ливерпул, а актуелниов му завршува на крајот од оваа сезона и тој како слободен фудбалер може да потпише каде било.
Мохамед Салах претходно одби понуда вредна 150 милиони евра годишно од Ал-Итихад, но сега е можен негов трансфер во најголемиот арапски клуб, Ал-Хилал.