Македонија одигра нерешено 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското првенство во Вараждин.
Овој хрватски град носи убави спомени за Македонија уште од Мундијалот кој се играше пред 16 години, а и сега ако се гледа по првото коло, може да очекуваме нови радосни моменти за Македонија.
Против Унгарија, Македонија водеше со 27:26 и имаше напад на 20-тина секунди до крајот, но направивме техничка грешка и Унгарија израмни. И покрај тоа што може да жалиме за испуштената победа, Македонија покажа дека е ракометна сила и дека знае да парира и против некои од најдобрите селекции во светот.
Нов предизвик за Македонија ќе биде дуелот против Холандија, в петок во Вараждин.