Болоња освои бод кај шампионот Интер (Видео)

Интер се лизна на домашен терен играјќи само 2-2 против Болоња. Сега тимот на Симоне Инзаги има три бода негатива во однос на лидерот Наполи, но и еден одигран меч помалку.

Кастро во 15-та минута најави изненадување, но Интер брзо одговори со два гола. Думфрис израмни, а Лаутаро Мартинез во последните мигови од првиот дел се погрижи за пресврт.

Сепак, Болоња израмни и стигна до бод со голот на Емил Холм во 64-та минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести