Голманот Никола Митревски е искусен и знае дека Македонија испушти победа на дуелот со Унгарија, но пред мечот да ни понуделе бод, би го прифатиле.
„Се спремавме за овој меч, освоивме голем бод, но со доза на жал. Детали не ни дозволија да победиме. Имавме шанса да одиме на два-три разлика во финишот, не успеавме, ни се вратија. Лесно е после меч да се каже што требаше да правиме. Им се случува и на поскапи и поискусни играчи, топката е тркалезна. Пред меч да ни понудеа бод би го прифатиле. Беше прекрасна атмосфера. Благодарност до навивачите, до сите што беа тука, ова ќе биде мотивација плус да веруваме во себе“, рече Митревски кој имаше 13 одбрани.