Ракометна еуфорија не ги фаќа само љубителите на спортот кои редовно се присутни на големите настапи на коишто игра македонската репрезентација, туку играта на дуелот со фаворизираната Унгарија на Светското првенство во Унгарија синоќа, во меч на којшто за малку ќе победевме, ги воодушеви и политичарите.
Премиерот Христијан Мицкоски ги пофали ракометарите за оставеното срце на терен.
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека покажавме дека нема големи и мали во спортот и го пофали нескршливиот дух и нескротливата борбеност на ракометарите, како и македонската публика која влеваше вулканска енергија кај играчите.
Пријатно изненадување беше присуството на американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во салата во Вараждин. Таа седеше до претседателот на Ракометната федерција, Живко Мукаетов, и навиваше за Македонија носејќи шал околу вратот.