Барселона и втор натпревар по ред успеа да постигне пет гола, па откако го победи Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп со 5:2, славеше и над Бетис со 5:1 во Купот на кралот. Кризата која ги зафати Каталонците пред крајот на минатата година се чини како да е минато за екипата.
„Уживав во целиот натпревар. Знаевме дека може да биде тешко по победата во неделата над Реал Мадрид во Суперкупот затоа што можеби малку и изгубивме контакт со реалноста. Но, го видовте менталитетот на оваа екипа. Фудбалерите се големи професионалци, секогаш знаат што треба да направат. Ова е многу млада екипа, може да има периоди на пад како кон крајот на минатата година. Мора да размислуваме за нашиот следен натпревар и да веруваме во нашите шанси“, задоволно рече Ханси Флик по победата над Бетис.