Селта Виго е редовен „пациент“ на Реал Мадрид, Рајо Ваљекано сезонава е мајстор за „гол-гол“ (Фото)

1010 Манчестер јунајтед – Саутхемптон (21:00)

Манчестер јунајтед на последните четири натпревари во Премиер лигата освои само бод, и тоа против лидерот Ливерпул на гости. Дуелот против „фенерџијата“ Саутхемптон е одлична прилика за враќање на победничките патеки, посебно по победата на пенали над Арсенал во ФА купот. Избраниците на Рубен Аморим се многу поблиску до зоната за испаѓање отколку до горниот дел од табелата, па едноставно немаат избор и мора да почнат да победуваат. Во меѓусебните дуели со денешниот противник немаат пораз од 2016 година, односно на последните 16 натпревари.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.74)

 

1009 Ипсвич – Брајтон (20:30)

Ипсвич и Брајтон важат за екипи на чии натпревари оваа сезона се игра ефикасен фудбал. Домашните на последните три меча одиграа најмалку со по два гола, а така беше и на шест од последните средби. Брајтон слично како и Ипсвич, на последните три меча играше 2+, а така беше и на 13 од последните 14 дуели.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.89)

 

1416 Реал Мадрид – Селта Виго (21:30)

Реал Мадрид по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Супер куп игра против Селта Виго на домашен терен во Купот на Шпанија. Одлична можност за лечење на раните од дебаклот од најголемиот ривал и со убедлива победа да го очекува продолжението од Ла Лига. Кралевите имаат девет победи по ред против екипата од Галиција, а немаат пораз на последните 17 средби, односно од 2017 година.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.05)

 

1415 Атлетик Билбао – Осасуна (19:30)

Гордоста на Баскија игра одлично во Ла Лига оваа сезона, а тие резултати сака да ги продолжи и во Кралскиот куп. Противник на Атлетик Билбао во осминафиналето од Купот е Осасуна, екипа кој се наоѓа во средината на табелата во првенството и игра во променлива форма. За разлика од нив, Атлетик освен поразот од Барселона во Супер купот, нема пораз на последните 15 средби во останатите натпреварувања во кои настапуваат оваа сезона.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.16)

 

1407 Реал Сосиедад  – Рајо Ваљекано (19:30)

Ако на некоја екипа оваа сезона може да се обложите дека ќе одигра „гол-гол“, тоа со сигурност е Рајо Ваљекано. Клубот од предградието на Мадрид на последните пет натпревари постигнуваше, но и примаше голови, а со таков ефект завршија и осум од последните десет меча. Такви се очекувањата и од дуелот против Реал Сосиедад, со оглед на тоа дека три од четирите последни меѓусебни дуели на овие екипи завршија со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (2.23)

- Оглас -

Најнови вести