Конор Мекрегор доби нова тужба за силување на политичарка од САД

Прославениот MMA борач и една од најголемите ѕвезди во историјата на овој спорт, Конор Мекрегор, беше прогласен за виновен за силување во ноември 2024 година. Поротата на Високиот суд во Даблин утврди дека во 2018 година, во хотел имал сексуален однос без согласност со жената по име Никита Хенд.

По разгледувањето кое траеше шест часа и 10 минути, беше донесена конечната пресуда. Вкупниот износ на отштета доделен на тужителката Никита Хенд изнесуваше 248.603 евра. Триесет и шестгодишниот Мекрегор не даде никакви коментари откако брзо го напушти Високиот суд во Даблин по одлуката во петокот вечерта.

По пресудата, бројни спонзори на Мекрегор ја прекинаа соработката со него, а веќе тогаш беше споменат и уште еден сличен случај од неговиот живот. Овој случај беше потврден вчера, па американските медиуми пренесоа дека Мекрегор добил уште една тужба.

Минатата година тој бил во Мајами, каде што гледал натпревар од финалето на НБА меѓу Мајами хит и Денвер нагетс. „ТМЗ“ тогаш пишуваше дека Мекрегор со помош на обезбедувачот од „Касеи Центер“, ја одвоил една жена од нејзините пријателки и заедно ја внеле во машки тоалет.

Следниот ден се појави снимка која потврдува дел од приказната на наводната жртва. На неа се гледа како Мекрегор ја одведува жената во тоалет, а обезбедувачите потоа застануваат пред вратата. Американската полиција подоцна одлучи дека нема да подигне обвинение поради недостаток на докази, но жената одлучи да го тужи.

Наводно, се работи за жена на возраст од 49 години која сака да остане анонимна поради политичката функција која ја извршува. Адвокатката на Мекрегор тврди дека истрагата нема ни да започне и дека судот ќе го отфрли овој случај бидејќи приказната не е вистинита и поминало премногу време.

- Оглас -

Најнови вести