Искусниот голман Никола Митревски е еден од хероите на Македонија во првото коло кога одигравме 27:27 против унгарија. Митревски имаше дури 13 одбрани и секогаш кога беше најпотребно, даваше „ветер во грб“ на ракометарите да бидат рамноправни со фаворизираниот ривал.
Една од 13-те одбрани на Митревски се најде во конкуренција на најдобрите одбрани во вториот ден од планетарниот собир, кога во првото полувреме одбрани зицер на противникот.