Солскјер ќе биде нов тренер на Бешикташ

Легендата на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе биде новиот тренер на Бешикташ со договор за една и пол година, објавија турските медиуми.

Од истанбулскиот гигант утрово официјално потврдија дека започнале преговори со Солскјер, што е вообичаена практика во Турција кога договорот е речиси сигурен. Норвешкиот стручњак, кој денес ќе отпатува за Турција, ќе го наследи привремениот тренер Сердар Топрактепе.


Топрактепе беше на чело на тимот два и пол месеца, но не успеа да ги стабилизира резултатите.

Солскјер досега ги водеше Молде, Кардиф и Манчестер јунајтед, од каде што беше отпуштен во ноември 2021 година.

Во моментов, Бешикташ е на шестото место во турското првенство со 30 бода (8 победи, 6 нерешени и 4 порази). Исто така, Бешикташ учествува во Лигата на Европа, каде што два круга пред крајот на групната фаза се наоѓа на 28-мото место со 6 бода (2 победи и 4 порази).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести