Кипре повторно во акција, на Златко Далиќ му подари македонски шал, вино, книги од Лазаров и Панчев…

Кога има некое големо спортско натпреварување на кое игра и Македонија, таму мора да е и Горан Кипријановски-Кипре. Еден од нашите најверни навивачи веќе неколку дена е во Хрватска, да даде поддршка на ракометарите кои играат во Загреб.

За разлика од сите останати навивачи, популарниот Кипре е познат и по тоа што е вистински спортски амбасадор кој сака да ја промовира Македонија надвор на нашите граници. Како и секогаш претходно, така и сега Кипријановски „наоружан“ со разни промотивни материјали, знамиња и шалови на Македонија, пристигна во Вараждин, а денеска имаше средба со актуелниот фудбалски селектор на Хрватска, Златко Далиќ.

Средбата се случи во ресторанот “Family” во Вараждин кој е во сопственост на Далиќ. Тој е и еден вид на спортски музеј посветен на Далиќ. Сега тој спортски музеј ќе биде побогат и со шал од македонската репрезентација, со македонски вина и две книги од македонските спортски легенди Кирил Лазаров и Дарко Панчев, кои Кипре му ги подари на селекторот на Хрватска.    

„Далиќ беше изненаден и многу беше воодушевен од гестот и почитта која му ја направив. Ме покани да седнам и да пробам од специјалитетите и на крајот ми подари негов ликер со заштитен знак. Посака среќа за вечер и рече дека ќе навива за Македонија“, вели Кипре, кој истотака не си замина со празни раце од ресторанот на Далиќ.

Едне од најпопуларните македонски навивачи доби ликер со ликот на Далиќ и уште николку други подароци во знак на внимание. Иако е во Вараждин, селекторот на Хрватска поради проблеми со колкот нема можност да дојде во сала и во живо да ги следи мечевите од ракометното светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести