Ајнтрахт Франкфурт откако ја надмина кризата во која се најде, им се врати на победите па забележа и трет триумф по ред во Бундес лигата, откако на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0.
Екитике во 18-тата и Хојлунд во 92-рата минута ја донеса победата за моментално третопласираната екипа во Бундес лигата. Ајнтрахт со 36 бода има шест помалку од лидерот Баерн Минхен и заостанување од четири поени позади второтпласираниот Баер Леверкузен и сосема заслужено го има епитетот за најпријатно изненадување во Германија оваа сезона.