Црвена ѕвезда се спаси од пораз, па после продолжение го победи Монако

Вистинска драма со среќен крај за Црвена ѕвезда вечерва имаше во Белградска арена. Домашните го победија Монако со 88-82, иако и двете екипи имаа двоцифрено водство, а Црвена ѕвезда на крајот се спасуваше од пораз. Сепак, последната шанса за победа во регуларното време ја имаше Монако, но Џејмс не успеа да реализира.

Во дополнителните пет минути, Црвена ѕвезда доминираше и заслужено победи на задоволство на домашната публика, за ефект од 13-9 и пласман од третото до седмото место на табелата.

Изненадувањата на вечерта ги направија Басконија и Виртус Болоња, кои победија против Панатинаикос (91-77), односно Баерн Минхен (72-82).

Фенербахче на домашен терен славеше со 98-86 против Жалгирис, додека Барселона со двоцифрени 90-80 го совлада составот на Анадолу Ефес.

- Оглас -

Најнови вести