На дербито во Италија ќе има голови, Арсенал и Баер Леверкузен бркаат победи

1138 Арсенал – Астон вила (18:30 ч.)

Ова е голем предизвик за Арсенал, бидејќи Астон вила е тим кој игра во лигата на шампиони и знае да изненади. Арсенал е единствениот тим во Премиер лигата што сезонава нема пораз на свој терен (седум победи и три реми). Топчиите ја имаат најдобрата одбрана, но и вториот најефикасен напад.

Интересно е дека во последните 10 меча на овие два клуба, по пет пати се радувале двата тима. Нерешено меѓу овие екипи не било на последните 20 меча, последен пат тоа се случило во ноември 2012 година кога било 0:0.

Предлог тип: 1&2-4 (2.40)

 

1705 Олимпик Лион – Тулуз (21:05 ч.)

Два тима кои атакуваат на позиции што носат излез во Европа за следната сезона. Традицијата вели дека Лион е апсолутен фаворит, затоа што во последните 17 средби со овој ривал имаат дури 15 победии само два нерешени меча.

Тулуз последен пат победил над Лион во август 2014 година. Головите не треба да недостасуваат.

Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.55)

 

3007 Аталанта – Наполи (20:45 ч.)

Дерби на две екипи кои заедно со Интер се главни конкуренти за титулата во Серија А. Двата тима се во различна форма. Аталанта има три реми и еден пораз во последните четири средби, додека Наполи нареди пет победи.

На последните пет меча на овие два тима имало 2-3 погодоци, а фактот дека се работи за екипи кои негодуваат офанзивен фудбал, може да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

2830 Баер Л. – Борусија М. (18:30 ч.)

Актуелниот германски првак е во фантастичен ритам и има 11 победи по ред во сите натпреварувања. Токму затоа Фармацевтите и сега се големи фаворити за нова победа. Гостите од Менхенгладбах играат разочарувачки и за нив ќе биде успех ако не загубат.

Баер Леверкузен има осум победи и две реми во последните 10 меча со овој ривал и најчесто има барем три погодоци.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.56)

 

1304 Бетис – Алавес (18:30 ч.)

Овој меч сигурно е шанса за Бетис да освои три бода. Игра дома против ривал кој е во зоната за испаѓање. Алавес на последните осум средби има четири порази и четири реми.

На четири од последните шест меѓусебни дуели немало повеќе од еден гол кога играат овие ривали, па затоа и сега само еден потег може да биде решавачки.

Предлог тип: 0-2 (1.75)

 

- Оглас -

Најнови вести