Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ се врати на НБА терените (имаше повреда на лактот) и веднаш блеска. Иако играше со заштитен ракав на десната рака, тоа не му пречеше да биде незадржлив на дуелот против Мајами и да го предводи Денвер до убедлива победа од 133:113.
Српскиот центар мечот го заврши со 24 поени (со одличен шут од поле 9 од 12), 12 скока и 10 асистенции. Посебно импресивно беше неговото последно додавање за 10 асистенција, кога истрча прв во контра напад, но двајца противнички играчи веќе беа зад него, па тој наместо да шутира, реши без гледање да ја врати топката назад, а Арон Гордон спектакуларно да забие.
Ова беше 17-ти трипл-дабл за Јокиќ сезонава.
JOKIC IS UNREAL.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) January 18, 2025
Вкупно девет меча се одиграа ноќеска во НБА лигата и тоа: Њујорк – Минесота 99:116, Бостон – Орландо 121:94, Милвоки – Торонто 130:112, Њу Орлеанс – Јута 136:123, Чикаго – Шарлот 123:125, Далас – Оклахома 106:98, Сан Антонио – Мемфис 112:140, ЛА лејкерс – Бруклин 102:101.