Македонските ракометари нема да тренираат денеска, треба да се собере енергија

Стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација реши денеска да нема средба со новинарите, ниту тренинг.

Момците ќе имаат кратка фитнес-сесија, по што ќе добијат време за одмор и релаксација, за да соберат енергија пред утрешниот меч со Гвинеја. Првите два меча на СП беа психички екстремно тешки, и потребен е цел ден одмор пред дуелот со Гвинеја, за играчите да бидат свежи и да ја исполнат зацртаната цел, победа која ќе ја однесе Македонија во втората фаза на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести