Најдобриот тенисер во светот во моментив Јаник Синер без проблеми се пласираше во следното коло на Австралија опен, откако со 3:0 во сетови го победи Маркос Жирона. Ни два часа на траеше мечот кој заврши со 6:3, 6:4, 6:2,
„Моја цел е да се подобрувам на секој меч и да одам до крајот на овој турнир. Без разлика кој ќе биде мојот следен ривал, јас треба да се фокусирам на мојата игра“, рече Синер по дуелот со Маркос. Во следното коло Синер го чека подобириот од дуелот Хелгер Руне и Србинот Миомир Кецмановиќ.
Во следното коло се пласираше и ветеранот Гаел Монфилс кој и на 38 години одлично парира на многу помладите од него.