Баерн Минхен ја оствари 14-та победа во Бундеслигата оваа сезона, откако на „Алијанц арена“ го совлада Волфсбург со 3-2. Сега баварскиот тим има седум бода предност во однос на Баер Леверкузен, но и еден натпревар повеќе.
Горецка го отвори резултатот во 20-та минута, но четири минути подоцна израмни Амура. Сепак, Олисе обезбеди предност од 2-1 за Баерн на полувреме со погодокот во 39-та минута.
Горецка во второто полувреме постигна уште еден гол за Баерн Минхен, а конечниот епилог го постави Амура исто така со својот втор погодок.
Лајпциг имаше водство од 0-3 на гости кај Бохум, но на крајот мечот заврши 3-3. Орбан, Муса и Баумгертнер беа стрелци за Лајпциг во првото полувреме, но во второто хет-трик постигна домашниот фудбалер Мајрон Боаду.
Штутгарт со 4-0 славеше против Фрајбург, Хофенхајм го победи Холштајн Кил на гости со 1-3, а Сент Паули беше подобар од Сент Паули со 0-2.