Костески: Гвинеја има специфичен стил на игра, мотивирани сме и подготвени

Крилото на македонската ракометна репрезентација, Ненад Костески, пред мечот со Гвинеја кој се игра утре, вели дека противникот не смее да биде потценет.

„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре нè чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант и зад себе има два порази, мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји“, вели Костески.

„Краткото време за подготовка ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, додава Ненад.

- Оглас -

Најнови вести