Барселона во последните 20 години само еднаш имала полош скор од оваа сезона

Барселона продолжува со разочарувачките игри во првенството на Шпанија откако одигра само 1:1 на гостувањето кај Хетафе, во 20 коло. Каталонскиот гигант водеше со 1:0, но домаќините израмнија пред крајот на првиот дел, а потоа Хетафе одлично се бранеше во второто полувреме и резултатот остана 1:1.

Во последните четири кола од првенството Барселона освои само два бода, па тимот предводен од Ханси Флик се повеќе заостанува во трката за титулата. Реал Мадрид кој треба да има лесна задача на „Снатијаго Бернабеу“ против Лас Палмас, со евентуална победа ќе избега на седум бодови предност.

Ако се погледне статистиката, Барселона во последните 20 години само еднаш имал полош биланс по 20 одиграни натпревари во првенството. Тоа било во сезоната 2021/22 кога Барселона освои само 32 бодови (осум победи, четири реми и 4 порази). Сезонава Барселона по 20 кола има освоено 39 бодови (12 победи, три реми и пет порази), што е втор најмал скор во последните две децении.

- Оглас -

Најнови вести