1141 Нотингем Форест – Саутемптон (15.00 часот)
Нотингем Форест по ремито со Ливерпул сака да им се врати на победите, а денеска игра дома против најслабиот тим во Премиер лигата. Очекувањата се дека ќе оствари триумф со најмалку два постигнати гола во мрежата на Саутемптон.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.61)
1140 Манчестер јунајтед – Брајтон (15.00 часот)
Манчестер јунајтед е непредвидлив тим оваа сезона и речиси редовно прима голови на домашен терен. Брајтон дефинитивно е екипа која може да го „повреди“, но нашиот предлог е да се одигра на голови. Предвидувањата се дека ќе има најмалку еден, а најмалку три гола во двете полувремиња на дуелот на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)
1307 Реал Мадрид – Лас Палмас (16.15 часот)
Реал Мадрид дефинитивно има намера да го искористи киксот на конкурентите Атлетико и Барселона и со триумф над Лас Палмас да се искачи повторно на врвот во Ла Лига. Предвидувањата се дека Кралевите ќе победат, а на натпреварот ќе има од три до пет гола.
Предлог тип: 1 & 3-5 (1.72)
1142 Ипсвич – Манчестер сити (17.30 часот)
Манчестер сити нема друг избор освен да почне да победува во серија, но тоа никако не му успева на тимот на Гвардиола. Граѓаните се фаворити на денешниот дуел со Ипсвич, но одбраната не им е на потребното ниво, па затоа типуваме и најмалку три гола на мечот.
Предлог тип: 2 & 3+ (1.89)
3616 Интер – Емполи (20.45 часот)
Интер заостанува шест бода зад Наполи, но има и два натпревари помалку, па составот на Симоне Инзаги мора да ги добива ваквите дуели со Емполи за да се наметне во трката за титулата. Нераѕурите се големи фаворити, а предлогот е дека ќе има од два до четири гола на овој натпревар.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.81)