Напаѓачот на Тотенхем, Доминик Соланке, ќе биде отсутен од терените подолг период. Поради повреда на коленото, Соланке ќе мора да паузира околу шест недели, што значи дека ќе се врати во игра најрано на почетокот на март.
Оваа ситуација претставува сериозен удар за Тотенхем кој оваа сезона се соочува со голем број повреди. Тимо Вернер е отсутен од минатата недела, додека Кристијан Ромеро и Мики ван де Вен, исто така, се надвор од терените.
Во следните шест недели, Тотенхем треба да одигра дури 10 натпревари во Премиер лигата, Лига Купот и Лигата на Европа.