Дефанзивецот на Барселона, Алехандро Балде, откри дека бил цел на расистички навреди за време на натпреварот кој заврши 1-1 против Хетафе. Шпанскиот репрезентативец изјави дека главниот судија Гонсалес Фуертес бил подготвен да го прекине натпреварот поради инцидентот.
„Тежок противник, но морам да кажам дека добив неколку расистички навреди од навивачите на Хетафе. Тоа е нешто што не треба да продолжи да се случува“, изјави Балде.
„Сѐ започна од самиот почеток на натпреварот. Го информирав судијата, и тој го активираше протоколот за вакви случаи. Сега се обидувам да го заборавам тоа. Имаме важен натпревар со Бенфика во Лигата на шампионите“, додаде тој.
Медиумите во Каталонија жестоко реагираа против судијата Фуертес и неговите колеги од ВАР собата. Причината за тоа се нивните одлуки да не доделат пенал за Барселона. Гостите сметаа дека Уче направил прекршок врз Кунде во 80-та минута, но ситуацијата беше игнорирана.