Младиот скопјанец Кирил Стефанов беше среќникот кој го фати крстот за Водици на церемонијата во црквата Злата Мегленска во Загреб.
Кирил има само 6 години, а откако беше најснаодлив и го фати крстот, беше даруван од свештеното лице во убавата македонска црква во главниот град на Хрватска.
Македонските навивачи секогаш кога во јануари има некој голем ракометен настан, не се дома, но и во странство се организираат за Богојавление Водици и веќе стана традиција на овој голем ден да се фрлаат по крст. Овојпат крстот се обидуваа да го фатат неколку деца затоа што и нема простор за повеќе учесници.
Денеска од 18 часот, ракометарите одат по победа против Гвинеја, а сигурно тоа е желба и на малиот Кирил кој го фати крстот и според верувањата цела година ќе го следи среќа.