Некогаш вредеше 100 милиони евра, а сега по пауза од две години му се враќа на фудбалот?

Офанзивниот фудбалер од средниот ред, Деле Али, своевремено важеше за еден од најдобрите фудбалери во Англија и одигра 37 натпревари за „гордиот албион“. Сепак, неговата кариера тргна во надолна линија, а веќе две години го нема на фудбалските терени.

Последниот настап го имаше во февруари 2023 година за Бешикташ во мечот против Анталијаспор, а откако се повреди му истече и договорот со Евертон, па остана без клуб.

Италијанските медиуми најавуваат дека тренерот на Комо, Фабрегас, сака да го види во дресот на неговиот клуб и разговорите се веќе започнати, а Али како слободен фудбалер може да потпише во било кое време.

Деле Али своевремено вредеше 100 милиони евра, а сега неговата вредност е само 3.5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести