Челзи ќе го прекине постот и конечно ќе победи

1143 Челзи – Вулверхемптон (21 ч.)

Челзи во последните пет меча во Премиер лигата нема ниту една победа (три ремија и два пораза), па дуелот против Вулверхемптон е одлична можност овој пост да заврши. Волците се многу слаби и само со 16 бода се на последното место од сигурната зона. Вулверхемптон прими дури 48 гола и ја има најслабата одбрана во лигата.

Во 2024 година овие ривали одиграа два меча со „дожд од голови“. Еднаш Челзи победи со 6:2, а еднаш Вулверхемптон беше подобар со 4:2.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)

 

3617 Комо – Удинезе (20:45 ч.)

Комо грчевито ќе се бори за опстанок сезонава, па затоа секој меч на свој терен е посебно важен за нив. Удинезе нема пораз во последните четири кола и сигурно ќе биде ривал за респект.

Во првиот дел од сезоната Удинезе победи минимално со 1:0, па и сега може да се очекува еден момент да биде решавачки.

Предлог тип: 1Х1-3 (2.03)

 

1360 Вилјареал – Мајорка (21 ч.)

Две екипи коишто имаат по 30 бода од 19 кола и се во борба за позиции кои водат кон излез во Европа. Иако имаат еднаков број бодови, играта им е сосема различна. Вилјареал игра офанзивно и дава, но и прима многу голови. За ралика од нив, Мајорка го има еден од најслабите напади, но и многу солидна одбрана.

Вилјареал сезонава игра неубедливо на свој терен и освои само 13 бода од девет меча. Мајорка во девет гостувања нема ниту еден пораз (пет победи и четири порази).

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.80)

 

1959 Трабзонспор – Сиваспор (18 ч.)

Дуел на две екипи кои се во долниот дел на табелата и ги делат само два бода. Трабзон на свој терен игра квалитетно и во девет меча има само еден пораз. Токму затоа Трабзон е под притисок дека на дуели против ваков ривал едноставно мора да брка освојување бодови за да биде што е можно подалеку од зоната за испаѓање.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

1321 Мирандес – Малага (20:30 ч.)

Мирандес може да се пофали дека ја има најдобрата одбрана во втората шпанска лига. Тоа е тимот кој го има вториот најдобар биланс на домашен терен и во 11 меча има седум победи, три ремија и само еден пораз.

Малага е ривал кој како да е претплатен за нерешени мечеви, посебно кога игра на гости и има осум „икса“ во 11 дуели.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.71)

 

- Оглас -

Најнови вести