Интер со 3:1 славеше над Емполи во меч од 21 коло во италијанската Серија А. Со оваа победа Нераѕурите стигнаа до 47 бодови и имаат три помалку од лидерот Наполи, но актуелниот првак има и еден меч помалку одиграно.
Во првото полувреме Емполи одолеваше на нападите на Интер, а отпорот на гостите беше скршен во 55 минута кога Лаутаро Мартинез постигна еврогол од далечина. Тоа како да беше знак да се отвори, па следуваше погодокот на Думфрис за 2:0 во 79 минута.
Надеж за Емполи беше погодокот на Еспосито во 84 минута, но потоа Тирам погоди за 3:1 и сигурен триумф на Интер.
Сите погодоци од овој меч може да ги видите ТУКА.