Македонскиот ракометар Филип Кузмановски засега е прв стрелец на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Денеска ќе се комплетира третото и последно од првата групна фаза, но тешко дека некој ќе го стигне битолчанецот на врвот на листата на стрелци.
Популарниот Фитиљ е лидер во нападот на Македонија и на трите меча со Унгарија, Холандија и Гвинеја постигна дури 31 гол, што е просек од над 10 погодоци по натпревар.
Кирил Лазаров е рекордер во историјата со 92 гола, но тогаш Лазаров одигра девет натпревари во кои имаше одличен просек од над 10 гола по меч. Интересно е што Лазаров по првите три меча на СП, кое исто така во првата фаза го игравме во Вараждин, Хрватска, даде 31 гол.