Струмичанецот кој живее во Германија, Наце Митев, е еден од најредовните членови на Фалангата кога станува збор за присуство на големите спортски натпреварувања на кои учествуваат македонските репрезентации.
Се разбира, Наце е присутен и во Вараждин, таму е со своето семејство кое лани се прошири со уште еден член, малиот Ѓорѓи.
Наце е докажан патриот и го зеде Ѓорѓи во салата уште од мали нозе, вметнувајќи му љубов кон ракометот и кон Македонија. Ѓорѓи уште е бебе, но за кратко време тој има прошетано во спортски објекти, како ретко кој негов врсник и во иднина веруваме дека ќе тргне по стапките на татко му и ќе биде верен фан на Македонија.
Објавивме и уште еден друг случај на бебе од Македонија (конкретно од Свети Николе) присутно во Вараждин. Со вакво воспитување на децата не треба да се грижиме за иднината.